Мајка од Гевгелија: На сите им велев дека не сакам да родам дете, а сега посакувам и петто

ИЗВОРСкопје24
|

Како изгледа секојдневието на семејство со повеќе деца? Деца.мк влезе во домот на Елена и Костадин Поп-Костови од Гевгелија и ги запозна прекрасните Леа (11), Ања (10) и Лана и Луна (8).

Никогаш не замислував дека ќе имам големо семејство, а најмалку четири деца. Кога бев мала, секогаш ѝ велев на мајка ми дека нема да се омажам и дека нема да родам деца, дека ќе си посвојам кога ќе дојде време. Но, сето тоа не излезе така – вели триесет и едногодишната Елена Поп-Костова од Гевгелија, мајка на четири прекрасни ќерки.

Велат нема потешка работа од родителството, поодговорна, понапорна и поубава, истовремено. Ако имате едно дете, мислите дека ви е најтешко на светот зашто детето ве има само вас за друштво, за сѐ!

Деца.мк влезе во домот на семејството Поп-Костови, сакајќи да го доживее секојдневието на едно повеќедетно семејство и да ви ја пренесе атмосферата. Елена и Костадин имаат четири девојчиња, од кои две се близначки. Леа е најстарата и е шесто одделение, Ања е петто, а Лана и Луна имаат по осум години. Лана оди во трето одделение, а Луна е во прво. Таа има спастична церебрална парализа. Сите учат во Основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија.

Супермама – како другарка со ќерките

Иако не се замислувала со многу деца, Елена денес е среќна мајка. Таа е домаќинка. Запишана е на Факултетот за туризам во Гевгелија, но овој период ѝ е во мирување.
Ја родила Леа на 18 години, а разликата помеѓу другите деца е една и пол година.
Вели дека сите четири дечиња се различни, баш во сѐ, и на изглед и во карактер.
– Најважно ми е дека се многу сложни и си помагаат. За четврто дете се одлучив многу лесно и без многу размислување. Многу сакам деца, а сега планираме уште едно, дај Боже – вели Елена.

Повеќе прочитајте на Деца.мк