Симон Трпчески од Њујорк го развеа македонското знаме за поддршка на Борко, Столе и Лазаров

ИЗВОРСкопје24
|

Додека трае светското првенство во ракомет, на кое македонските ракометари се најдоа во средиштето на јавни препирки околку тоа дали да се пее “Бисер Балкански” во соблекувалната и дали поради тоа да се суспензираат некои ракометари, а сервисот на албански јазик на МТВ го навредува Столе Стоилов, Симон Трпчески од Њјујорк со свој став за Лазаров, Ристовски, Стоилов и другите.

Маестро Трпчевски е на светска турнеја за проектот “Македонисимо” и излезе со директна поддршка за националниот тим кој се бори за подобар пласман на светското првенство и за настап на олимпијада.

-Пред престојниот настап во Чикаго за поддршка на македонскиот ракометен тим на светското првенство во ракомет 2019, напиша Трпчевски на социјалните мрежи.

Before the upcoming visit to Chicago, in support of the Macedonian Handball Team at the World Handball Championship 2019

Gepostet von Simon Trpčeski/Симон Трпчески am Dienstag, 15. Januar 2019

Трпчевски за веб сајтот на симфонискиот оркестар на Чикаго говори за својата родна земја Македонија, за тоа како е да се живее тука, за политичката состојба и нејзините убавини.

„Навистина се чувствувам среќно затоа што доаѓам од ваква култура и менталитет, затоа што навистина сметам дека балансот во животот е многу важен“ – вели Симон Трпчески во разговорот.

„Тие луѓе кои се трудат да водат нормален живот и кои се тргаат настрана од притисокот на политичките страни, имаат добар живот, и тогаш секако животот може да биде добар. Оваа земја е мала, но има потенцијал за да ги создаде сите нешта кои се потребни за нормален живот, без големиот притисок на кој луѓето се навикнати во големите држави и големите градови“, додава тој.