Некогаш во Македонија имаше искрени почитувачи на делото на нашиот најголем херој Гоце Делчев, како што беше Тоше Проески. Иако поминаа веќе 11 години откако тој не напушти, фановите а и целата јавност на Балканот се сеќава на неговите добри дела и на тоа како тој, како вистински Крушевчанец и Македонец ги почитуваше своите славни претци и вистинските вредности.
Познат по својата скромност и великодушност со голема чест ја удостои во Крушево внуката на големиот Гоце Делчев која пак со избрани зборови го пофали Тоше како гордост на Македонскиот народ.
Многу емоции, искрени прегратки и бакнежи извираа во текот на целиот разгвор, затоа што се гледа дека сетоа тоа е од срце. Тоше Проески и се заблагодари на најдобар начин како што само тој умееше… и ја запеа Зајди, зајди јасно сонце.
Нашата музичка легенда тука имаше само 23 години, и го направи она што многумина никогаш во животот не ни помислиле да го направат. Слава им!