Во скандалот со Карлеуша, ова е човекот кој го победи интернетот

ИЗВОРСкопје24
|

Аферата на Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш се чини дека е најактуелна тема во медиумите. Се изначитавме се и сешто, пејачката ја напушти Србија и замина кај сопругот во Кина, додека вчера вечер Врањеш објави и своја видео порака, денеска пак во медиумите оддекна веста дека сопругот Душко Тошиќ ја избркал и побарал од неа да се врати назад во Србија.

Меѓу сето ова еден коментар е навистина хит на интернет. Ова момче во коментарот собра 4000 лајкови на постот кој Карлеуша го објави по повод скандалот со нејзините слики. Дечкото со коментарот „ Барам карбуратор за Југо 45 “ го победи интернетот дефинитивно :

Во низата шеги на сметка на Карлеуша, со свој феноменален коментар излезе и македонскиот шоумен Игор Џамбазов кој секогаш уникатен прокоментира:

„Ги разгледувам сликиве на Карлеуша и дефинитивно не е она… Она има три царски реза и бемка на незгодно место…“, саркастично коментира Игор.