Маја Кузманоска 18 години предава англиски јазик во ОУ „Вера Циривири-Трена“ во Скопје. Таа е една од првите блогерки во Македонија, а успехот и добриот одѕив на The Little Treasures ja мотивирале да создаде и свој бренд, кој постои речиси девет години.
Инспирирана од традицијата и од детските сеќавања на вештите жени покрај кои растела, професорката по англиски јазик Маја Кузманоска од Скопје речиси десет години создава уметност.
Нејзините рачни изработки на накит од платно и создаден со хеклање го одушевуваат светот. Токму еднo од најпрестижните списанија за креативност – Artful Blogging ѝ отстапи простор за да ја раскаже приказната за својот блог и бренд The Little Treasures
Инспирирана од детството
Факултети.мк ја раскажува нејзината приказна. Со задоволство се наврати на детството и на своето семејство во кое традицијата била длабоко вкоренета и почитувана, а рачната работа, како нејзин важен и нераскинлив сегмент, била од непроценлива важност.
– Жените во моето семејство беа посветени на рачната работа, дали од потреба или само заради чисто уживање – се плетеа џемпери, шалови и капи, се хеклаа чаршафи и милјеа, се шиеше облека. Ние, децата, секогаш бевме вклучени во овој природен процес и охрабрувани да создаваме и да ги развиваме вештините. Од првите, нерамномерни и искривени котелци, преку стаклени, хартиени и глинени мониста, еве сум тука, каде што мојата игра никако не запира и со љубов ја негувам – вели Кузманоска.
Таа е една од првите блогерки во Македонија. Успехот и добриот одѕив на The Little Treasures ja мотивирале да создаде и свој бренд, кој постои речиси девет години. Нејзината ќерка Ива со гордост го промовира накитот.
Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк