Една интересна ситуација се случила деновиве во јавниот превоз во Скопје. Ви ја пренесуваме во целост ситуацијата во која една баба со неколку зборови ја спушти на земја „дигнатата“ скопјанка.
Во автобус покрај девојка чие цело тело било покриено со тетоважи стоела баба и со неверување и ја гледала тетоважата на вратот.
„Што е бабо во твое време немало тетоважи, што ме гледаш така“?
На ова бабата и одговорила: „Ќерко во мое време имаше буквално од се по нешто. Јас 30 години живеев во Азија и предавав кинески на факултет. Едноставно не можам да сфатам зошто на вратот ти пишува – она што е одмрзнато, не треба да се замрзнува повторно“.
Реакцијата на девојката за жал не ја знаеме, но сигурно е дека не и било сеедно.