Јелена ги лажела ќерките: Ова е доктор, ќе ја прегледа мама

ИЗВОРСкопје24
|

Српските медиуми имаат нови детали за аферата која го тресе регионот. Како што пренесува српски „Курир“, Огњен Врањеш ја посетувал Јелена Карлеуша во нејѕиниот дом на Дедиње.

Пејачката ги лажела своите ќерки Атина и Ника дека Врањеш е всушност нејзин доктор.

„Поп – ѕвеѕдата го изневеруваше својот маж Душко Тошиќ во нивниот брачен кревет додека тој беше во странство“, тврди весникот.

Според извор близок на „Курир“, Врањеш често доаѓал во куќата на Јелена во текот на 2017 година, кога таа имала здравствени проблеми, па било лесно да се оправда пред ќерките дека тоа всушност е нејзин лекар.

„Карлеуша во тој период мораше да се оперира од тумор на матката. Тоа беше тежок период за неа и многу ѝ значеше неговата поддршка и внимание. Тој не беше многу среќен што мора да ѝ доаѓа во домот, но затоа што се јавни личности, тие не можеа да се наоѓаат по хотели или ресторани“, вели изворот.

Ова го потврдил и самиот Врањеш кој додал дека во текот на две години кога се гледале, меѓу останатите места, бил и домот на Карлеуша и Тошиќ.