Путин од вчера е во посета на Белград. Огромен број на граѓани од цела Србија вчера попладнето излегоа на улиците низ Белград во знак на поддршка на претседателот на Русија, Владимир Путин кој пристигна за да се сретне со својот српски колега Александар Вучиќ.
Граѓаните што шетаа низ главниот град на Србија носеа транспаренти „Спасиба пресидент“ и „За слободна и пристојна Србија“.
Претседателот на Србија , Вучиќ му рекол на рускиот претседател Путин откако го прими орденот „Александар Невски“, дека на улиците низ Белград го чекаат огромен број на граѓани.
Помеѓу останатите политичари единствениот македонски политичар кој беше на средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, е Иван Стоиљковиќ.
Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија на покана на претседателот на Србија, Александар Вучиќ присуствуваше во Белград на дочекот на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Стоиљковиќ беше и на свечениот ручек кој беше приреден во чест на Владимир Путин.