Утринава во Охрид во водите на езерото беше фрлен светиот крст во присуство на бројни гости од земјава и од странство. Најсреќен годинава во Охрид е Иван Лотески и со ова продолжува традицијата крстот најчесто да го фаќаат Варошани.
„И оваа година крстот го фаќа Иван Лотески, по потекло од Вевчани, инаку стар Варошанец. Нека му е честито!“, рече Господин Тимотеј.
Годинава температурата на водата е најладна во споредба со изминатите години и изнесува 6 степени целзиусови.
Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржа во организација на Дебарско – кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“.