Македонецот од Австралија, Христијан Спировски, кој потекнува од Битола одржа концерт на клавир на аеродромот во Доха.
30-годишниот Христијан, кој живее во Мелбурн, веќе подолго време е атракција на аеродромите низ целиот свет.
Младиот музичар на светските аеродроми со својата изведба на светските хитови на клавир ги воодушевува сите присутни. Христијан изведува и традиционални мелодии од Балканот.
Тој неодамна ги забавуваше патниците на аеродромот во Доха, Катар.