Самохрана мајка мора да купи лек од 3 илјади евра за да живее нејзиното дете

ИЗВОРСкопје24
|

Даница од Радовиш е самохрана мајка. Едното дете како последица на вродената срцева мана добива и пулмонална хипертензија. Соодветен лекар нема во Македонија за да се третира болеста па мајката е приморана да оди во Бугарија. Оттаму и го набавува лекот.

-Мојата ќерка е оперирана од срцева мана во 2015 година и тогаш добива пулмонална хипертензија. Има двокомпонентна терапија која е многу скапа. Го продадов и станот во Струмица за лекувањето, вели мајката Даница.

На осумгодишното девојче лекот што му е потребен босетан чини околу три илјади евра.

Мајката Даница вели дека неодамна се обратила и до Здружението за пулмонална хипертензија за помош.

Ирена Коцев од Здружението вели дека минатата година во декември кога по*ина пациент со пулмонална хипертензија на средбата со министерот за здравство Венко Филипче им било ветено дека лекот ќе биде ставен на позитивна листа. Но, оттогаш ништо.

Таа информира дека на Балканот во сите земји освен во Македонија и Албанија има лекови. Пациентите само во Македонија и Албанија се приморани по други земји да го бараат лекот.