Момчето кое иновираше џип за чистење снег: Го возам секој ден и го подготвувам за трки

ИЗВОРСкопје24
|

Младиот Христијан Котески од селото Боротино, по професија механичар, познат во јавноста по возилото кое го создаде за расчистување на снег во зимски услови.

Се работи за offroad buggy dzip за возење по нерамни терени, при што има и додаток нож за расчистување на снег. Котески вели дека од мали нозе ги сакал овие возила, и решил да создаде возило кое тој самиот ќе го користи.

„На возилото работев две години и беше многу тешко додека да се направи целосно, имаше многу мислење, премногу работа затоа што целото го создадов сам. Првично имаше поинаков изглед, па го преправив затоа што не ми се допадна за да го има посакуваниот изглед. Јас го возам скоро секој ден, а во иднина ќе се користи за офроуд трки, додека во зимски услови ќе се расчистува снег. Со него чистам снег во Боротино“, вели Котески.

Сите кои го виделе пронајдокот велат дека е одличен и практичен.

„Секој што го видел изумот, вели браво, ова не може секој да го направи, треба да ти дадат награда за тоа. Снегот добро се расчистува со ова возило“, додава Котески.

Тој сака ова возило да го усоврши за да може со него да учествува на трки, но вели дека засега нема финансии за овој свој план да го реализира.

Ова 19 годишно момче вели дека тука нема да застане, и понатаму сигурно ќе има и други пронајдоци.

Извор: Фактор.мк