Јапонците заиграа на “Мајсторе, мајсторе”: Се фатија за оро и растурија! (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Очигледно македонската народна музика не е популарна само по македонските кафеани и истата се слуша и на нејзе се игра и на другиот крај на светот. Јапонците се фатија за оро и растурија на познатата песна ,,Мајсторе, Мајсторе”.

Пред неколку години јапонци беа гости во Битола и наежија многу битолчани и останати гости кои беа дел од фестивалот „Илинденски денови“ во Битола, со своето пеење на македонски песни.

Имаме богат македонски фолклор, музика за душа, а кога ќе чуете некоја стара македонска песна во изведба на странец сигурно ви доаѓа убаво на душата.

Овој пат група од Јапонци ја пеат песната „Бело лице љубам јас“ во рамките на трета фестивалска вечер на „Илинденските денови“ во Битола. Нивната изведба е толку оригинална, така што успеаа набрзо да допрат до многумина.

Уживајте во прекрасната изведба: