Скопјанката Муши Амет Халил девет години плете капи и чорапчиња за предвремено родените бебиња на ГАК

ИЗВОРСкопје24
|

Предвремено родените бебиња на одделот за Интензивна нега на Клиниката за гинекологија денеска добија нови волнени капчиња и чорапи сплетени од рацете на вредната скопјанка Муши Амет Халил. Оваа жена девет години по ред им носи подароци на најмалите пациенти на Гинекологија кои се во инкубатор и кои секогаш мора да носат капчиња и чорапчиња бидејќи нивниот систем за термоrерулација не функционира добро.

-Ова е добротворна акција за децата во инкубарот, многу сум среќна, тоа ме исполнува, апелирам до сите кои имаат повеќе време да го направат истото за да им помогнеме на предвремено родените бебиња – вели Муши.

ОИНТ

И благодариме на госпоѓа Муши за трудот и посветеноста за нашите најмали пациенти. 9 години по ред вредно ги плете овие неопходни детали за бебињата.

Gepostet von ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје am Dienstag, 22. Januar 2019