Додека лекари делеле лепче со паричка, пациентите морале да чекаат во ходник!? (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Неколкумина пациенти, од кои дел и со скршеници, наместо да бидат примени на преглед на одделението за ортопедија, во прилепската болница, морале да почекаат најпрвин докторите да го поделат лепчето со паричка, за празникот Василица.

Ова го тврди читател на „Фокус“, кој исто така чекал за преглед во болницата. Тој испратил и видео запис како поткрепа на тврдењето.

„Имаше околу 20-тина луѓе кои што чекаа преглед, а лекарите ги затвораа вратите. Не примаа луѓе ни со скршеници. На видео записот е родител на 15 годишно девојче. Ги молеше да им го извадат гипсот, бидејќи го носеше 15 дена плус од закажувањето на термин на вадење“, посочи еден читател, кој побара да остане анонимен.

Видеото и остатокот од текстот видете ги ТУКА.