Конечно се огласи Карлеуша : „Цел Балкан го гледа каса*ењето на една жена, нејзиното семејство, чест!“

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша се врати во Србија после аферата која со денови го тресе Балканот. Таа веднаш се врати на работните обврски, па отиде на снимањето на Ѕвездите на Гранд, каде ја пречекаа безброј претставници на седмата сила од кое избега што побрзо можеше.

После се Јелена се огласи на социјалните мрежи и покажа колку е повредена.

„Болната хајка не престанува. Злото кое мене и на моето семејство ни е направено со болни лаги е немерливо. Никогаш никого не сум убила, украла или направила нешто лошо. Напротив целиот живот го посветив на помагање на луѓе и животни. Целиот Балкан, целиот свет нека го гледа медиското, психолошкото, безумното каса*ење на една жена, нејзиното семејство, името, честа, основното човечко достоинство – и нека молчи. За крај ќе апелирам. Не ми ги ставајте децата на насловите страници. Не ги користете моите деца во вашите болни желби да ми наштетите мене. Има ли во вас малку човечност или едноставно сте монструми кои уживаат во злоставување и насилство, лаги и омраза“ – напишала Јелена крај видеото на кое се гледа како не им дозволиле на фотографите да и се доближат.

За ситуацијата во која се наоѓа таа многу кажува и инцидентот кој вчера таа го направила за време на снимањето на емисијата „Ѕвездите ан Гранд“. Сеуште под стрес, дошла во студиото во друштво на својот менаџер и одма настанал проблем. Таа бесна му пришла на Саша Поповиќ викајќи:

– Тргнете ја оваа будала од мене. Нема да седам покрај Снежана Ѓуришиќ тоа не е добро за моето ментално здравје.

Саша ја смирувал ситуацијата, а како и сите останати и тој ја имал во предвид целата ситуација со аферата па не и придал премногу значење на нервозата на Јелена, која била очигледно присутна цело време.

Кавгата на Јелена со Снежана започнала за време на снимањето на емисијата кога на една од кандидатките и викала: „Срам да ти е, срам да ти е, засрами се“.

Снежана јавно негодувала: „Зошто Јелена така велиш, девојката нема причина да се срами„. „ Е, срам да ти е“, продолжила Карлеуша.

Поповиќ и тогаш се замешал, но ЈК не му дозволила да изговори ништо во врска со тоа.

– Дали нас ни е лесно, кој ни гледа на нас низ прсти, кој не штити?! Нас не распарчуваат – урлала Карлеуша на цел глас, алудирајќи на медиумските написи во екот на аферата со Врањеша.

Српските медиуми ја побарале и Снежана за коментар, а таа се обидела да одбегне одговор и да одговори на навредите на Карлеуша, но смирено само одговорила:

– Јас би сакала тоа да не го пишувате. Не и е лесно сега, неврозна е сега.

За време на цчерашното снимање Карлеуша нервозата ја смирувала со пиење на бело вино, вртејќи со пенкалото низ рацете со кое си играла исто како дете.

Со фактот дека до снимањето на емисијата таа се криеше од новинарите и фоторепортерите Јелена на снимање дошла гладна и скришно за време на снимањето грицкала помфрит од популарен ланец за брза храна кој го делела со Марија Шерифовиќ, а потоа исто така скришно се засладувала и со пијалок од истиот ресторан.