За првпат ѕирнете во внатрешноста на главниот авион на Путин

ИЗВОРСкопје24
|

Владимир Путин кон крајот на минатата година му ја исполни желбата на едно тешко болно дете, 15-годишниот Арслан Каипкулов, кому му беше сон да направи видеорепортажа за претседателскиот авион Ил-96-300, така што Арслан сега ги објавува овие снимки на каналот на Јутјуб.

Момчето заедно со својата мајка допатува во Москва од Башкирија и му беше организирана екскурзија низ претседателскиот авион.

„Овој авион е најстрого чуваната тајна. Мене ми припадна честа да влезам во него“, рече момчето.

„Салонот на овој авион не личи на салон, ами на стан, на мошне голем стан со необичен распоред. Прво долг ходник. А, потоа зад аголот? Голема соба, голема маса за состаноци, кожен диван и претседателска фотелја“, вели Арслан.

„Сите системи за врска на овој авион се заштитени од хакери“, вели младиот репортер.

Стјуардесата која веќе седум години работи во главниот авион на Путин изјави дека секој лет за неа е посебен и интересен.

Момчето го пуштија да ја види и пилотската кабина, но за волја на вистината без камера. „Поголемиот број простории не смеам да ги снимам, но барем можев да ги видам со сопствените очи“, вели тој.

Погледнете како изгледа претседателскиот Ил-96-300:

Извор: rbth