Сани Гроздановска го прокоментира скандалот со Јелена Карлеуша, откри што би направила на нејзино место

ИЗВОРСкопје24
|

Извесно време главна тема во сите медиуми е веста за скандалот во кој се најде Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш.

Темата веќе сите ја знаете, а секојдневно на истото само се надоврзуваат плус пресврти.

Јелена негира, па извесно време беше и во Кина, барајќи засолниште кај својот сопруг.

Врањеш од друга страна, лабави и постојано се заканува дека има материјали и од другите пејачки од српската естрада.

Многу личности од естрадата ја поддржаа Карлеуша истакнувајќи дека пред се таа е жена, мајка, сопруга.

Меѓу нив беше и македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска која го прокоментира скандалот.

„Самата наша професија и јавните настапи наметнуваат многубројни можности за афери и измислени приказни од кои може да произлезат милиони проблеми доколку се работи за некоја лабилна врска или брак. Можам да кажам дека ова навистина е смешно, и верувам дека Карлеуша заедно со својот сопруг вечераат некаде заедно и се смеат на ваквиот скандалозен и низок начин на провокација. Таа професионалец и семеен успешен човек за кој нормално е да се измислуваат вакви работи“ вели Сани за „svet-austrlia“.

Таа откри и што би направила доколку би била на нејзино место.

„Да сум на нејзино место тотално би го игнорирла овој скандал, исто како и сите други. Ние сме нормални луѓе, а тоа го знаат само нашите најблиски. Сите останати треба да го гледаат само тоа што им го прикажуваме. Хахаха, а не лесно да си јавна личност“ вели Сани.

Вистина.мк