Професор Милица Новковиќ: Самите родители создаваат алчни деца

ИЗВОРСкопје24
|

Како ја објаснувате појавата на денешното родителство во кое на детето се гледа како на центар на светот и нему му се посветува се: од пари до секоја мисла на современата мајка која прераснува во опсесија?

Деведесеттите години на минатиот век во сите земји во транзиција прво е услоличена транзицијата во воспитувањето, со што би се заменило традиционалното воспитување со плишано, традиционалното семејство имала две воспитни методи – класична казна и добар збор.

Децата ги знаеја правилата кои го почитуваа моралот, некогаш со добро некогаш со сила. Иако постоеше страв од „стапот“ децата со време разбираа дека правилата се неминовни. Во такво семејство имаше и повеќе љубов спрема децата и повеќе почит спрема родителите и возрасните.

А потоа „плишаното-меко“ воспитување полека ги освои традиционалните семејства, разрушувајки ги одвнатре. Родителите наивно поверуваа дека позитивното условување, е навистина нешто ново, дека тоа е љубов. Денес родителите станаа лоши слуги на своите деца, а децата нивните уште полоши господари. Тоа се новите улоги во семејството од нашето време, кои се само логична последица на плишаното воспитување и истовремено со закон се забранетиот „стап“.

Кога на детето позитивно ќе го условите велејќи: „Ако го изедеш ова, ако ги собереш играчките, ако седнеп на кревет, ако брзо се подготвиш за во градинка… ќе ти го дадам телефонот, колачето, цртани, игри, нова играчка, лажно оправдување“… Тогаш сосема е нормално да добиете алчно дете, кое ништо нема да работи ако нема интерес од тоа.

Според тоа, кога родителите, особено мајките, помеѓу детето и работата ставаат материјална работа, мегуваат мито и корупција, а не љубов. Каде што има интерес, нема љубов.

Апчното дете станува агресивно затоа што кога прв пат ќе му кажете „Не, не може, не, не ти дава, не немам…“, детето ви возвраќа баш со онаа класична казна, кога на родителите им е забранета со закон. Тоа може, затоа што детето знае дека е друштвено презаштитено со децки права, дека никој не смее да викне, а камо ли даудри.

Во тој момент улогите се заменети, детето станува диктатор, родителите послушни слуги. Ваквото алчно дете и агресивно дете е и мрзливо. Не сака да работи за домот, за себе, не сака да учи, да исполнува нормални семејни обврски.

На родителите не им преостанува ништо друго освен да се прават како да е се нормално, дека детето е центарот на нивниот живот, центарот на светот, а малиот диктатор може да стане помилостив само со поктупување, со кое успевате да го контролирате со цел било што да направи или да послуша… Таа контрола со времето опаѓа затоа што во пубертетот веќе контролата ја превземаат врсниците и друштвото.

Како што можете да видите, не е се како што изгледа. Мајките и татковците самоволно не ги поставиле своите деца на врвот на непостоечкиот врв на пирамидата. Тие се само некритички го прифатиле наметнатото плишано воспитување и добиле се она на што најмалку се надевале. Се останато се случувало и случува без нивна воља. Резултати? Патат родителите, патат и децата.

Дали е точно она непишано правило дека детето се воспитува до четвртата година, затоа што до тогаш најмногу усвојува од воспитните методи?

Детето се раѓа со љубов, добрина, талент, со биолошки и духовни потреби. Не ви требаат четири години, доволни се само првите две и ќе ги видите сите ужасни последици. Зборувам за периодот од последните неколку години кога паметните, тач телефони влегоа во нашите животи.

Само дајте му тач телефон ан вашето малечко, а тоа денеска е вообичаено, и со тоа сте овозможиле контрола над детските потреби, што е најопасна и најнепосакувана контрола. Јаде кога не му се јаде, дури не ни знае што јаде, дали е гладно или сито. Јаде кога вие ќе одлучите за тоа, кога вие ќе кажете што и колку.

Детето полека се врзува за оваа направа, верувајќи дека виртуелната стварност е примарна. Реалниот, изворен страв се заменува со виртуелниот, поради што детето не може да заспие нормално туку бара обратни начини за успивање или шири во вашиот брачен кревет, туркајќи го тато во дневната соба. Детето полека се оттуѓува од реалниот живот, поради што и дошол на овој свет, да се оствари самиот себе со помош на Љубов и Добрина.

Вие го храните, облекувате, му ги миете забите или со непрестојно молење вербално го опоменувате дека не е убаво тоа што… приметувате дека само седи, дека сака да го носите вие, да го возите во количка, не ве гледа во очи, доцна проговорува и првите зборови не му се мама и тато туку „јутуб“, како што слушнав пред некој ден.

Тач телефонот стана замена за се. Родителите полека, но сигурно ја губат улогата на природен родител.

Сте влегле во слепа улица и на две години го применуваат ова плишано воспитување, и нормално се понатаму не чини, затоа што е последица на лошиот почеток. Детето не би смеело во првите две години да гледа во екранот, со цел да му се создадат услови за безброј акции кои се темел на сите следни години на развој.

За среќа колку и да сте погрешиле во незнаење, сите грешки можат да се испраат со препознавање на изворот на воспитувањето.

Како да се поставите спрема детето кое покрај љубов има потреба и од тоа да има се она што има и неговото друштво (генерација): прослава на родендените во игротека, часови по балет, англиски, глума, современи мобилни телефони…? Како да му објасните дека родителите не можат да обезбедат баш се, во материјална смисла?

Прво да го појаснам поимот љубов од изворното воспитување. Детето се раѓа со класична љубов, онаа вечната од која треба да се развијат сите останати видови на љубов. Родителите само треба да создаваат услови за развој на тие видови. Таму каде се казните, наградата, сите облици на условување, презаштитување на детето од работа, ред, домашно воспитување, од учење, од училиште, каде што секојдневно се употребуваат празни зборови со кои ги молите децата да бидат добри и морално да се однесуваат во неморални услови, тука овој вид на љубов не се развива.

Тука присутен е интересот, а интересот ја уништува љубовта. Алчното дете има бунар на неисполнети желби. Алчното дете, кое се воспитува со виртуелни гувернери има јак имитаторски ум и се што гледа тоа и го посакува. Таму каде што нема љубов, гладта за материјалните работи е непресушна. На родителите не им е јасно што се случува и им преостанува само да го пратат тоа плишано однесување на детето, исполнувајќи им го бунарот на желби, му се правдаат за тоа зошто немаат пари, па дури и да аплицира за кредит само а неговото дете да не пати и ен се разликува од другите деца.

Детето дошло на овој свет за да му овозможиме рамнотежа измеѓу материјалното и духовното. Тоа е невозможно додека не се укине ова плишано воспитување и неговите модели и не се воспостави контрола на витруелната стварност на детето.

До третата година детето не смее да го ставите пред екран, а до неговото тргнување на училиште не смеете да му дадете далјинско и извор на виртуелна содржина кои секогаш мора да бидат во рацете на родителите. Детето кое расте со помош на изворно воспитување во кое нема ни казни, ни награди, ни болни контроли над се здраво во детето, има самопочитување на здравите граници, е среќно, послушно и остварено дете во секој период од неговиот живот.

Пример: Детето не е гладно, си игра со храната и ја фрла. Мирно тргнете го детето од столот затоа што гледате дека не е гладно. Вие мирно ќе го завршите ручекот, а детето кога ќе огладне ќе ве замоли за храна и ќе биде многу благодарно затоа што неговиот нагон конечно работи и желудникот шкрипи.

Кога ќе почнеме со промените затоа што детето погрешно сме го хранеле на сила, со помош на телефонот, со помош на играчки или слично, сигурно нема да ни биде лесно. Детето ќе плаче затоа што промените не му годат. Па, нека плаче, но останете доследни, не употребувајте казна ниту награда. Подобро детето да плаче денес, него вие утре, кога проблемите ќе бидат огромни.