После Карлеуша, на ред дојде и Цеца – И местат афера, пејачката е бесна и спрема тужба

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Цеца Ражнатовиќ преживува вистинска сага. Имено, и нејзе и се случи афера, и тоа преку Инстаграм профилот на кој што воочила вртоглав раст на следбениците на социјалната мрежа.

Повеќе од 50 илјади луѓе ја заследиле во рок од 24 часа, а Цеца решила веднаш да реагира и да спречи некој да го злоупотребува неа и нејзиното име и да и доделува „вештачки“ следбеници како што напишала и самата таа.

Пејачката најави дека доколку не се реши проблемот ќе поднесе тужба и на тој начин ќе проба да го среди овој проблем.

Јелена Карлеуша очигледно не може да спие поради скандалот кој и се случи со Огњен Врањеш, откако во јавноста испливаа фотографии, пораки и информации дека зад грбот на Душко се допишувала со босанскиот фудбалер.

Имено, утринава таа рано се разбудила, уште во шест часот и веднаш почнала да објавува фотографии кои ги снимила во Кина за роденденот на Душко.

Паднале селфија, фотографии со менаџерот и многу други.

Потоа ги објавила и милионските цифри кои Душко ќе ги добие со договорот, за кој многу се шпекулираше.