Возач на автобус во Сплит, Анте Бонацин (35) одлучил да реагира на безчувствителноста на патниците кои му влегле во автобусот.
На станицата чекало момче во инвалидска количка. Возачот кога стигнал ја отворил средната вратата. Момчето не успеа да влезе додека другите патници се туркале да влезат внатре.
Тогаш Анте станал и ги натерал патниците да излезат од автобусот и да влезат на првата врата. Попатно им спомнал неколку зборови за нивното однесување.
„Фала народе… еве го вашиот возач АНТЕ. Конечно да вии се заблагодарам на убавите зборови и пофалби и на се останато убаво што му го упативте на сите начини на кои ги имавте… ми пристигнаа стотина понуди за пријателство на фејсбук… стотина пораки во инбокс… ме прекривте со пораки и морам да копам по инбоксот… чувството е убаво… прекрасен, пто да речам освен фала на сите од срце… значи ајде вака… ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ ВАКА НА СИТЕ ЗАТОА ШТО КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА НА СЕКОЈА ПОРАКА ПОСЕБНО… НЕМОЈТЕ ДА МИ ЗАМЕРИТЕ… “- стои во дел од пораката.
За овој потег на Анте, кој се случил во август 2018 година, тој на 1-ви февруари ќе ја добие наградата „Гордост на Хрватска”.