Европратеничката и пријател на Македонија, Маријана Петир, не го признава новото име на земјава кое за неа е резултат на насилство на западот кон македонакиот народ.
“Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија. Преспанскиот договор претставува насилство на западната демократија над една држава и еден народ, порача на социјалните мрежи европратеничката од Хрватска во Европскиот парламент.
Таа како голем поддржувач на Македонија и вистински пријател на земјава пред неколку недели јавно застана во одбрана и на ракометниот репрезентативец Столе Стоилов, во врска со неговата реакција за промена на името.
Реакцијата на Стоилов за името за Петир е оправдана затоа што никој нема право од никого да бара да го смени името.
“Ова што го зборува Столе Стоилов #StoleStoilov не е политички испад туку вистина” пишува хрватската претставничка во европскиот парламент во одговор до порталот дневно.хр кој реакцијата на Стоилов во која вели дека за него останува Македонија и не ја прифаќа Северна е скандалозна.
Според неа срамни се притисоците врз Македонија да го промени името на државата.
“Како што никој од нас не би се согласил да го промениме името на својата држава апсурдно е и неморално такво нешто да се бара од Македонија”, вели Петир која е докажан пријател на Македонија.