Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра.
Ова денеска на прес-конференција го истакна премиерот Заев.
– Ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има, рече тој во Велес.
Од денеска Владата на Република Македонија започнува со реализација на серија трибини .
Истот така, започнати се и подготовките со кои кон средината на годината ќе биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица.
Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката.