Сакате во Канада? ДОБРА ВЕСТ – Изгледа дека сме им потребни

ИЗВОРСкопје24
|

Во следните три години, Канада ќе прими 1.080.000 имигранти, јавуваат светските медиуми.

Оваа земја, со околу 37 милиони жители, се соочува со проблеми како што се стареење на населението, опаѓање на наталитетот и недостаток на работна сила, и одлучи да ги отвори границите за жителите на другите земји.

“Растот на бројот на имигранти, особено оние економски, ќе ни помогне да ја одржиме работната сила, економскиот раст и да ги стимулираме иновациите”, се вели во соопштението на владата.

– Бидејќи Канада има една од најниските стапки на наталитет и постојано растечка популација, на земјата и се потребни имигранти за економски раст – објасни Карел ал Асал, лидер за проектот за имиграција.

Тој додаде дека проблемот ќе се зголеми во следната деценија.