Семејството на Сала: Меси, ти благодариме за помошта!

ИЗВОРСкопје24
|

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала уште не е пронајден, откако на почетокот на неделата исчезна неговиот авион, кој патуваше од Франција кон Англија.

Сала се враќаше во Кардиф, каде што авионот исчезна од радарот и многумина се сигурни дека се урнал во морето. Официјлната потрага заврши, но семејството не сака да се откаже од него, па реши да почне самостојна истрага.

Многу ѕвезди на социјалните мрежи побараа да се почне нова истрага, а семејството на Сала призна дека поддршката од сите останати пристигнала кога Лионел Меси објавил молба на Инстаграм.

Од тој момент почнаа да се собираат пари за нова истрага, па досега се собрани околу 200.000 евра, а им недостигаат уште 100.000 евра за целосна истрага.

Не е познато дали Меси донирал одреден износ, но многумина веруват дека го направил тоа. Во моментов покрај Канте познато е дека пари за истрага донирале Илкај Гундоган, Жефри Кондогбија, Толисо и други.

Се огласи со СМС и агентот кој го нарачал летот, според него тешко било да се организира летот и тие немале никакви шанси да одлучуваат со каков авион ке лета Сала.

Вил Мек Кај за bbc.com објаснува дека тешко било да се организира лет од Нант до Кардиф со комерцијален авион, затоа решиле Емилијано Сала да го пратат до Кардиф со приватен авион, тие не решавале со каков авион ке лета Сала.

Според достапните информации, во разговор со Сала, потенцирале дека е тешко да се организира лет до Кардиф, ние не учествуваме во изборот на авионот и пилотот, едноставно требаше да се стигне до Кардиф, Сала знаеше за проблемот и ние го информиравме за тоа- изјави Мек Кај.

Мек Кај изјави и дека контактирале со семејството на Сала по трагедијата која се случи, имаме соработка но ние не сме виновни за инцидентот, изјави Мек Кај.

Фудбалерите на Кардиф во вторник ке носат жолти ленти на дресовите на мечот со Арсенал во Премиерлигата во знак на почит и респект за Сала.

Од сигурни извори дознаваме дека Сала не сакал да потпише за Кардиф, но по инсистирањето на клубот сепак на крај се одлучи за потпис со англискиот прволигаш. Цифрата која Кардиф им ја исплати на Нант беше неверојатни 20 милиони евра. Сепак Сала не успеа да стигне на првиот тренинг во Велс. На социјалните мрежи излезе снимка во која што се слуша последниот разговор што го прави Сала со својот најдобар другар. Снимката ви ја пренесуваме во целост:

„Здраво како сте сите. Многу сум уморен. Бев во Нант завршував многу обврски кои ми изгледаа дека никогаш нема да завршат. Сега сум во авион кој изгледа како да ќе се распадне во секој момент. На пат сум за Кардиф каде што утре почнувам. Попладне почнувам со тренинзи со новиот тим. Вие како сте? Ако не слушнете ништо од мене во следните час и половина, не знам дали ќе испратат некој да ме побара. Страв ми е.“