Како ова момче со седум години отвори свој бизнис и заработи 20.000 долари?

ИЗВОРСкопје24
|

Седумгодишното момче Рајан Хикман од округот Оринџ во Калифорнија буквално од ѓубре направил бизнис и заработил мало богатство. Со само седум години, тој стана претприемач и претседател на компанијата за рециклирање “Ryan’s Recycling”.

Рајан од три години собира шишиња, пластика и лименки и тоа во целата област каде што живее. Собраниот отпад го продава на компаниите за рециклирње.

Досега рецикрирал над 200.000 шишиња од различни материјали собрани во округот Оринџ. По неколку години напорна и посветена работа заработил близу 20.000 долари.

Неговата работа ја поддржа и познатата водителка и комичарка Елен Деџенерес.

Рајан како што велат неговите родители ужива во собирање и особено во сортирање на шишиња и лименки.

Работата ја извршува со мало модифицирано камионче за ѓубре со кое се вози низ соседството кога собира амбалажа.

“Иако моите родители сакаат сите пари да ги вложам за мојата иднина, за колеџ, јас сепак сакам да купам камион за рециклирање. Она што го правам е важно затоа што со отстранувањето на шишињата од животната средина и океанот, јас и помагам на природата и на животните “, вели Рајан во интервју за локалниот весник The Capistrano.