Борете се за правата на своето дете: 5 совети на родителите на Новак Ѓоковиќ

|

Совршено нормално е најмногу на светот да ги сакаме своите деца и сакаме да бидат се она што тие го посакуваат, но понекогаш претеруваме, открива таткото на најбогатиот тенисер на светот, Срѓан Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ ја достигна и рекордната седма титула на Австралија опен, а по поздравот со своите најблиски, српскиот тенисер го прослави трофејот со многумина навивачи кои му пружија поддршка за време на турнирот.

Ноле, најбогатиот тенисер на светот, доби најголема поддршка од своите родители Срѓан и Дијана, по што следуваа и пет совети кои би требало да ги прати секој родител кој сака да ги изведе децата на прав пат.

1. Бидете реални кога очекувате нешто од своето дете

Една од најчестите грешки кои секој родител ги прави е да очекува премногу од своето дете. Нереалните задачи доведуваат до негативни резултати и така кај детето создавате чувство дека не е доволно добро. За да ја избегнете оваа ситуација, најдобро е да поставите реални цели кои детето може да ги исполни во однос на своите способности.

„Совршено нормално е најмногу на светот да го сакате своето дете и да сакате да биде она што тоа го посакува. Јелена Ѓенчиќ рече дека после Моника Селеш не запознала некое друго такво талентирано дете, но барав и мислење на други експерти. Кога тие го потврдија мислењето, ми беше јасно дека треба да вложиме во Новак се што е во наша моќ“, открива Срѓан Ѓоковиќ за својот син.

2. Борете се за правата на вашето дете

Децата не секогаш знаат што е добро а што лошо. Значи, овде родиелите треба да им ги покажат разликите помеѓу двете крајности, но и да стојат во нивна одбрана кога е потребно тоа. Како пример, Срѓан укажува на посетата на Новак на мечот со Франција, кога бил сместен во хотел без справи за вежбање, па барал уште еден смештај со цел да ги има сите потребни услови за тенисерот да се одмори и да се покаже во најдобро издание на теренот: “ Го прашав дитекторот на турнирот и му реков дека е штета и дека барам нормален хотел за мојот син, кој мора да се одмори и да биде спремен за натпреварот“.

Ѓоковиќ беше префрлен во друг хотел, но е предупреден дека ќе мора сам да си ги плати своите трошоци. Меѓутоа, по победата, директорот на хотелот рече дека му е чест што сме гости и дека нема потреба од плаќање за престојот.

3. Понекогаш морате да бидете строги

Еден од најголемите предизвици за родителите е да ги научат децата на дисциплина и работи како што е казнувањето, а притоа да не се користи казнувањето. Тоа значи дека родителите ќе ги научат децата на одредени вредности и вештини кои ќе им помогнат во нивното созревање. Покрај тоа што студирал и учел, Новак и тренирал секојдневно, а кога сакал да оди на излет со своите врсници не добивал дозвола од родителите кои го пратиле во Минхен, со цел во потполност да му се посвети на тенисот.

„Бев строг и повеќе од потребното, и иако ми беше тешко, ни покажував слабост пред него. Мислам дека ако сакаше да ги постигне целите, мораше сериозно да работи на себе“, вели Срѓан.

4. Научете ги своите деца да ја гледаат позитивната страна на животот

Децата кои мислат позитивно раснат во здрави луѓе со практични вештини кои се неопходни за соочување со сите животни предизвици. Со тоа, малите деца треба да ги научите да бидат оптимистични и позитивно да размислуваат за иднината. Дека оптимозмот игра важна улога во се тоа, Срѓан потврдува со анегдота од US Open, кога Новак играл со Роџер Федерер: „На најголемиот тениски терен на кои се собра 24.000 луѓе, речиси 23.000 луѓе пејат Роџер, Роџер, Роџер и Ноле после турнирот открил дека цело време слушал Ноле, Ноле, Ноле. Тоа значи дека сте се довеле во ситуација да ја претворите негативната енергија во позитивна“.

5. Помогнете им во донесувањето на важните одлуки и бидете им најголема поддршка

Во развојот на детето и неговиот талент клучна улога има поддршката на родителите, што е потврдено во случајот и со Новак. Сумирајќи го детството на својот син, Срѓан рече дека родителите најдобро ги познаваат своите деца, но дека треба да им овозможат самите да одлучуваат за својата судбина: „Вашата судбина е во ваши раце и не дозволувајте други да одлучуваат за тоа. Вие сте авангарда на сето добро што треба да ви се случи во иднина и затоа вашиот живот е во ваши раце“.