Украдените пари за пензии ќе се враќаат од утре до јуни, најави министерството за труд и социјала

ИЗВОРСкопје24
|

До јуни ќе бидат вратени сите пари на осигурениците кои со години не им биле уплаќани во вториот пензиски фонд, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството велат дека осигурениците не треба да стравуваат дека ќе останат без парите и дека префрлањето на средствата ќе стартува од утре.

„Сите 12.000 осигуреници ќе ги добијат парите во вториот пензиски фонд. Префрлањето на парите ќе се врши од утре па во наредните 6 месеци. Доколку граѓаните сакаат да проверат дали изминатите години не им се уплаќани пари во нивниот втор столб тоа можат да го сторат во Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување (МАПАС)“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска одговарајќи на новинарско прашање од каде ќе се најдат 19 милиони евра за да се префрлат на осигурениците кусо изјави дека тоа е работа на ресорното министерство и ПИОМ.

„Се што е во поглед на буџет и што било побарано во поглед на пензиската реформа и создавање на одржлив пензиски систем и намалување на ризиците за исплата на пензиите е буџетирано и содржано во буџетот за 2019 година“, рече Тевдовски.

Министерството денеска ги достави сите документи кои биле дел од анализата на Основното јавно обвинителство на понатамошна истрага за да се утврди зошто во тој даден период одредени финансиски средства не биле распоредувани и каде тие завршувале.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.