Пратениците ќе му ја укинат пратеничката плата на Груевски

ИЗВОРСкопје24
|

Парламентот на денешната собраниска седница ќе го разгледува предлогот за дополнување на Законот за пратеници по скратена постапка, со која се предвидува нова одредба. Одредбата се однесува на осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој како пратеник се уште добива пратеничка плата иако е во бегство во Унгарија.

„Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, стои во одредбата која е предложена од група пратеници.

Подносители на предлогот за Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.

Точката е со реден број 27 на дневниот ред на денешната собраниска седница.