Директорот на Гранд и порача на Јелена: Или прибери се или си одиш од „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

На снимањето на првата емисија на Ѕвездите на Гранд после аферата со босанскиот фудбалер, Јелена видно нерасположена и нервозна дошла на снимањето на новата емисија, а тоа влијаело и на останатите членови од жирито и на натпреварувачите.

Ништо подобра не била ситуацијата кога се вклучиле камерите. Пејачката и понатаму била негативна, а најмногу се исплашиле кандидатите кои сите по ред останувале без нејзиниот глас.

-Навистина сум нервозна и немам желба на коментирам дури ни за своите кандидати- порачала Јелена во текот на емисијата.

Но, после една пауза која ја иницирал Саша Поповиќ, ситуацијата се променила. Според извори директорот на продукцијата и порачал на Јелена

Отворено и кажал како стојат работите. Работата не смее да трпи заради тоа што и се случува, тоа е нешто со кое тој се раководи со децении. Можеби бил малку суров кон неа но морало да биде така. И рекол на Јелена, разбирам низ што поминуваш, но вака не оди. Или прибери се и однесувај се како што треба или ќе направиме пауза во соработката.

Таа останала изненадена и само проговорела дека ќе се потруди но после неколку минути покажала сосема поинакво однесување. Јасно и е дека пауза никако не и одговара со оглед на тоа што учеството во шоуто ја издигна во време кога кариерата и стагнираше. До крајот на емисијата била видно расположена, повеќе комуницирала а повремено дури и се насмевнувала.

Дали Поповиќ е суров професионалец и не трпи ни најмали грешки а камоли вакво однесување имавме прилика да видиме и да се увериме. Во декември 2016 година на снимањето на Гранд Специјал за малку ќе ја исфрлеше Милица Павловиќ од емисија бидејќи доцнела на снимање. Пејачката се задржала подолго во гардероба, каде се пресоблекува а Саша видел дека гостите во студио само неа ја чекаат па на организаторите им наредил веднаш да се симне од гардеробата.

-Еј, оди кажи и да дојде или нека си оди од емисијата. Кажи и дека јас така реков – гласно зборувал Саша пред сите, а во рок од една минута Милица влета во студиото и седна на фотељата.

И Радмила Манојловиќ повеќе пати говореше дека директорот не толерира доцнење и дека неа парично ја казнувал за тоа а еднаш дури и и го откажал снимањето.