Приказна која носи голема поука: Сопругата му кажала да ја избрка мајка му од свадбата а тој направил нешто што никој не очекувал

ИЗВОРСкопје24
|

На една свадба младоженецот ја седнал својата мајка на невестинската маса, за што сопругата не била многу среќна, па прашала што бара таа старица таму?

-Веднаш да си ја исфрлил од тука- рекла таа, на што сопругот не и одговорил ништо, но таа и понатаму инсистирала, старицата да си замине.

Младоженецот отишол до микрофонот и рекол:

-Кој сака да ја купи мојата мајка? Ја продавам зошто мојата сопруга не ја сака!

Сите гледале зачудено и никој ништо не одговорил, па затоа синот си отишол до мајката ја земал во раце и рекол: јас те сакам ако другите не – рекол тој и си заминал со својата мајка дома, оставајќи ја невестата сама со гостите.

По неколку дена, на неговта а врата се појавил најбогатиот човек од тоа место и му рекол:

Слушнав што се случило на твојата свадба и сакам поради тоа да ти ја дадам мојата ќерка да ти биде жена, зошто ако ти се грижиш така за својата мајка, сигурно ќе ја чуваш и пазиш мојата ќерка.