Македонците оваа година добија интересна предновогодишна приказна од кичевското село Белица. Толку е несекојдневена што граѓаните од прва се заљубија во неа. Едноставно не можат да поверуваат во оваа толку чиста и едноставна љубов.
Срна живее заедно со луѓе, со фамилија која секојдневно се грижи за ова животно, и го чува со многу љубов. Оваа грижлива фамилија срната ја нарекле Бамби, по популарниот цртан филм на „Волт Дизни“. Таа е толку питома и мила, што слободно се шета по собите од куќата и се однесува како вистинско домашно милениче.
Семејството уште тогаш на социјалните мрежи постави две видеа и покажа како изгледа животот на срната во домашни услови. Погледнете:
https://www.facebook.com/belica.mk/videos/2394343663970961/
https://www.facebook.com/belica.mk/videos/770244910015992/
Па барање на голем број Македонци од нашата држава и дијаспората Беличани вчера споделија ново видео каде јасно се гледа дека популарното срнче по име Бамби повторно дојде вчера по храна во топлиот дом на ова семејство.
https://www.facebook.com/belica.mk/videos/331528704147089/
Бамби дури има ланче околу вартот и е толку питомо срнче што јаде од рацете на оваа прекрасна фамилија, со која се чувствува сигурно како да е во свој дом. Таа постојано се гали со своите „сопственици“ и се гледа дека навистина ужива во нивното друштво иако е диво животно израснато во шума.
Бамби е вистински позитив на денот.