Катица е непрепознатлива: По Заева и Фетаи, и таа падна во рацете на Дадар

ИЗВОРСкопје24
|

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја разубави познатиот стилист Александар Билјановски- Дадар. „Денес во посета на,,Мое студио Дадар“, наша драга гостинка, Катица Јанева“, напиша Дадар на својот Фејсбук профил.

Познатиот стилист Александар Билјановски – Дадар вчера се погрижи за изгледот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред нејзиното гостување во емисијата ,,Правда и неправда” на 1ТВ.
Мејк ап артистот, кој околу две децении е еден од најбараните во земјава, се пофали со фотографијата со Јанева, која дошла на разубавување во неговиот салон ,,Мое студио Дадар’ каде се нудат комплетни услуги и третмани за нега и разубавување.

-Јанева има убаво лице, ама ти си ја направил уште поубава, за 20 години е подмладена – се дел од коментарите под фотографијата со обвинителката.

Пред извесно време и Зорица Заева му ја даде довербата за својот изглед на професионалецот Дадар. Сопругата на Зоран Заев објави нова фотографија на социјалните мрежи со која предизвика големо внимание кај нејзините обожаватели. Имено фотографијата е направена во студиото на познатиот македонски шминкер Александар Дадар и истата е споделена и на неговиот Фејсбук профил каде за многу кратко време собра преку 1000 лајкови. Под  фотографијата обожавателите не штедеа зборови за да напишат комплименти и пофални зборови, а во продолжение прочитајте еден што го привлече нашето внимание:

„Убавината може да се надополни со шминка и фризура, но да бидеш со убава душа мора со тоа да се родиш. Кај тебе Зорице внатрешната убавина ја рефлектираш со твојот надворешен изглед, а тоа на крајот те претвора во прекрасна дама“, стои во еден од коментарите.

И Фатиме Фетаи ја истакна својата убавина на една предновогодишна забава.

33-годишната обвинителка се подготвуваше за прославата во новото студио на Александар Дадар. Популарниот шминкер сподели фотографии од Фетаи со силна шминка на очите и црвен кармин, по кој е препознатлива.

„Фатиме Фетаи во посета на ‘Мое Студио Дадар’. Во боја или црно-бело? Секако е опасно убава!“ – напиша Дадар во описот на фотографиите на Facebook и Instagram.

Фокус.мк