Нант не заборави на Емилијано Сала! Невиден гест на францускиот клуб

ИЗВОРСкопје24
|

Фудбалерите на Нант мораа да се соземат и да го почнат мечот против Сент Етјен од Лига 1, но сѐ беше во знакот на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала, кој го загуби животот во авионска несреќа над Ла Манш во моментите кога веќе го направи трансферот во Кардиф за 17 милиони евра.

Денеска се појавија вестите дека на француските плажи се појавиле делови од седиштата на авионот на Сала, а трагедијата посебно беше почувствувана во Нант, каде што навивачите на прекрасен начин му оддадоа последна почит на Аргентинецот.

Целиот стадион беше во знакот на Сала, а на трибините имаше и огромно аргентинско знаме, а најавите одеа на шпански јазик во чест на фудбалерот. Секоја чест!

https://twitter.com/Amaro_DelArco/status/1090705589943091200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1090705589943091200&ref_url=https%3A%2F%2Fthevow.info%2Fmk%2Fnant-ne-zaboravi-na-emilijano-sala-neviden-gest-na-francuskiot-klub-video%2F

Делови од авионот „Пајпер Малибу“ со кој исчезна аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала на пат кон Кардиф, беа пронајдени на францускиот брег, објави одделот за истражување на авионски несреќи во Англија.

Англичаните објавија дека во комуникација со колегите од Франција, добиле потврда дека делови од седиштата во авионот се најдени на францускиот брег во близина на Суранвиј. Првично бил најден еден дел, а подоцна уште еден.

Првите истражувања покажале дека се работи за перничиња во кој беше Емилијано Сала. Перничињата се најдени на околу 40 милји од местото кадешто од радарост исчезнал авионот во кој патуваше еден пилот и фудбалерот.

Три дена траеше потрагата на Емилијано Сала кај Каналските острови, откако минатиот понеделник авионот исчезна во 20.30 часот од радарот. Спасувачките служби по три дена се повлекоа од потрагата, објавувајќи дека поминале 3.000 квадратни километри и не нашле ниту еден траг, по што семејството и бројни фудбалски ѕвезди тргнаа во приватна потрага.

Откако беа собрани пари, па дури и ангажирана подморница за да го бараат авионот на Сала, првите резултати се дека авионот паднал некаде во блиина на францускиот брег, спротивно на тоа каде што бараа спасувачките служби.