Латино пејачката Џенифер Лопез вчера на социјалните мрежи се пофалила со својот изглед, после диетата која ја држела, а обожавателите забележале коментар на еден нејзин поранешен партнер.
Станува збор за раперот Пи Диди, со кој Џеј Ло била во врска од 1999-та до почетокот на 2001-ва година. И покрај раскинувањето, тие останале во добри односи.
Раперот пред неколку години, кога Џеј Ло го објавила спотот за песната „Booty“, нејзиниот задник го нарекол уметничко дело, а овој пат останал без текст.
„Ох, Боже мој“, напишал Пи Диди под фотографијата на згодната Џенифер Лопез, која е во врска со Алекс Родригез, кој исто така ја искоментирал оваа фотографија.
„Каков среќник сум јас“, напишал Алекс.
Корисниците на социјалните мрежи се пошегувале дека во коментарите недостасува уште нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони, но и нејзиниот поранешен вереник, Бен Афлек.
Таа секојдневно вежба во друштво на своето момче Алекс Родригез.
Кога сте на Кето диета, дозволени намирници се: месо, јајца, природни масти како путер и маслиново масло, риба и морски плодови, зеленчук со намален удел на јаглехидрати, тврди сирења, јаткасти плодови, а дозволени се и бобинки.
Забранети намирници се оние кои содржат големи количини на шеќери и јаглехидрати, а тие се: тестенини, леб, сокови, слатки, компири, овошје, пиво, млеко и јогурт со намален удел на масти.
Дека оваа диета не е баш најлесна, признала и самата пејачка уште првиот ден:
“Постојано сте гладни кога не јадете слатки и јаглехидрати. Затоа сега пробуваме да пронајдеме оброци кои доволно ќе нѐ заситуваат”, признала атрактивната Лопез.