Властите во Холандија покрена истрага откако на плажа во Ротердам се појавија остатоци за кои се говроеше дека се од исчезнатиот авион на Емилијано Сала, но ова беше само уште една лажна трага.
Британските власти синоќа соопштија дека на плажа во Франција биле пронајдени две перничиња од седишта за кои се верува дека најверојатно се од исчезнатиот авион на Емилијано Сала. Па веднаш беше идентификувана приоритетна област за потрага од четири наутички милји и беше најавено дека ќе започне нова операција со подморница до крајот на неделава.
Утрово пристигнаа информации за нови можни остатоци од исчезнатиот авион, но вестите беа малку збунувачки бидејќи беа пронајдени на плажа во Ротердам, преку 700 километри источно од местото каде што во понеделникот биле пронајдени перничињата од седишата.
Еден корисник на Твитер објави фотографија од бело-сини остатоци кои наликуваат на авионот „Пајпер Малибу“ па холандските власти започнаа истрага. Спасувачки служби, пожарникари и полицајци пеш ги „чешлале“ плажите во потрага по нови остатоци а дрон од воздухот го „скенирал“ морето.
Tussen alle meldingen van gestrande zeehonden door, een vreemd stuk polyester met een laagje aluminium gevonden. Van vliegtuig?? pic.twitter.com/rpHKwp6l2Q
— Ad van den Berge (@advandenberge) January 30, 2019
Одделениот за авионски истраги (AAIB) попладнево соопшти дека остатоците не се од авион: „Колегите од Холандија го испитаа предметот и потврдија дека не се работи за парче од авион“,
Слична ваква трага се појави и во екот на потрагата по Емилијано Сала кога на Твитер се појавија слики за кои коирисниците на социјалната мрежа вела дека се сигнални ракети. И покрај тоа што Британските власти посочија дека сигналните ракети не оставаат таква трака и дека тој дел неколку пати е пребаран преку вода со брод и преку воздух со авион, моќта на социјалните мрежи ги натера властите и пеш да го пребараат малиот ненаселен остров Брхоу, но са жал таму немаше никаква трага од Аргентинецот.
Емотивни сцени од Нант: Солзи и болка кај навивачите поради Сала
На никој не му беше лесно вчера да присуствува на мечот меѓу Нант и Сент Етјен, кој помина во знакот на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала.
Аргентинецот беше во авионот, кој исчезна на пат од Нант кон Кардиф, па никогаш не беше пронајден, иако во претходните денови беа пронајдени делови од авион.
Семејството не ја губи надежта, па се моли потрагата да продолжи, а за тоа време во Нант оддадоа почит кон Сала. Камерите забележаа солзи и кај тренерот Вахид Халиловиќ, кој се трудеше да ги задржи солзите.
This is lovely. FC Nantes’ match tonight stopped in the 9th minute as a tribute to Emiliano Sala. pic.twitter.com/mAAxoVWrjr
— FootballJOE (@FootballJOE) January 30, 2019