Нова мерка на Владата: Се бришат десетици милиони евра долгови на македонскиот народ, многумина конечно ќе имаат деблокирани сметки

ИЗВОРСкопје24
|

Бришење на стари долгови за струја настанати до 2006 година, најави премиерот Заев од економската трибина во Охрид. На околу 200.000 граѓани заглавени во лавиринтите со извршители и блокирани сметки ќе им бидат простени долговите за електрична енергија во вкупен износ од 110 милиони евра, се со цел враќање на парите кај граѓаните. Преговорите со ЕВН И ЕЛЕМ се во тек, Заев очекува наскоро потпишување на договорот.

„Разгледавме ситуација за стари долгови за струја до 2006 година за 200.000 семејства и граѓани кои се заглавени во вакви лавиринти на извршители и блокирани сметки. Овие денови сме во длабоки преговори, волјата денеска можам слободно да ја соопштам, кога правно формално ќе го потпишеме договорот јавно ќе соопштиме. Но, волјата од Владата за преземање на своите дејствија е нотирана, и од ЕЛЕМ како партнер во производството на струјата е потврдена, и волјата на ЕВН како приватна компанија исто така е потврдена. Намерата е да избришеме долг на граѓаните од 110 милиони евра. Тоа се огромни пари и ќе биде големо олеснување за граѓаните. Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насока на било кој начин да вбризгаме пари кај граѓаните“, порача премиерот Заев.

Премиерот најави период на инвестиции кои ќе отворат нови работни места, што ќе придонесе за раст на платите во стопанството. Враќање на парите назад кај граѓаните најави и преку поврток на ДДВ, намалување на каматите и казните, донесување на Законите за социјална заштита и за социјална пензија до крајот на месецов. Премиерот е убеден дека во Македонија ќе има достоинствен живот и квалитетна плата.

„Целта ни е од први јули од тоа ДДВ да го вратиме кај граѓаните. Повеќе од 80 илјади апарати, кој што ги скенира буквално секој телефон кој што го имате, на секоја сметка при потрошувачката го скенира и го имате на конто. Тие пари ви се на располагање, за идна јавна потрошувачка“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт Горан Сугарески најави инфраструктура офанзива во охридско и четири нови авио линнии со цел подобрување на туризмот во Охрид. Охриѓани, пак од премиерот побараа решенија за низа локални проблеми – сообраќајниот хаос, стопанисување со плажите, сузбивањето на урбаната мафија.