Снежана Бериќ позната како Екстра Нена, во деведесетите беше голем ѕвезда и учестуваше во натпреварувањето на Евровизија. Оваа година пак реши да се врати на сцената и тоа на деветата Беовизија која ќе се одржи на почетокот на февруари.
Од друга страна за нејзиниот приватен живот малку се знае. Снежана имала живот полн со препреки и промени. Пред се, ниту детството не и било лесно. На 16 години останала без родители сама со сестрата за која и се грижела.
Иако беше една од најголемите ѕвезди, во еден момент се повлече од сцената. Во 2009 година се омажи за Миеољуб Евтиќ, кој беше на функција заменик директор на железниците во Србија.Сите ги изненади кога призна дека се омажила после само 8 дена познатство.
-Денеска се запознавме, за седум дена пак се видовме, а осмиот ден решивме да се венчаме. И тоа и го направивме. Не момаж сека да кажам дека ми се допаднала неговата коса или висина. Едноставно осетив дека дека тој е некој со кого можам да го поминам остатокот од животот. Пријател ми вели, вие сте како латино серија. Тоа е вистина. Сега не се грижам за тоа. Мојот сопруг ми е на прво место.
Но, овој брак заврши после неполна година. За причините ретко говореше.
-Бев во брак, за жал многу кратко бидејќи сметам дека кога не совпаѓаат исти димензии треба да се раздвојат, нагласи во емисијата од профилот Екстра Нена.