Елена Ристеска стана русокоса – Сега е уште поубава

ИЗВОРСкопје24
|

Елена Ристеска стана блондинка, во новата дуетска песна со нејзината колешка од Србија, Данијела Кариќ. Елена и Данијела имаат исти коси во спотот за песната „Срца се погреше“ кој се промовираше за регионалниот музички пазар.

Елена е непрепознатлива со новата боја на коса за која нејзините фанови за социјалните мрежи велат дека одлично ѝ стои. Музиката и текстот за новата песна на Елена и на Данијела е на Александра Милутиновиќ, аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров. Истиот тим го работеше и хитот „Доживотно“. Спотот е снимен во Белград, со познати танчари како гости: Нина Булајиќ, Олга Олчан, Милан Рус, Игор Грабовиќ, како и свршеникот на Данијела, Иван Милеусниќ.

Претходно инаку фитнес тренерот Игор Божиновски-Попај кажа дека најголема желба му е да ја тренира пејачката Елена Ристеска.

“Забележав дека Елена е малку здебелена и не е веќе згодна како порано. Јас да и бидам тренер, би ја ставил на строг режим на исхрана, потоа едно добро “тресење“ во теретана, барем една година и ќе биде како се*с бомба“, вели Игор.

Тој не ги крие симпатиите кон пејачката и вели дека секоја поп ѕвезда треба да има личен фитнес тренер.

-“ На неа и треба мускулест маж како мене, за да може да ја држи во форма. Моето искуство во фитнесот многу ќе и помогне во кариерата, посебно кога ќе прави фотосесии и спотови. Таква убавиуца не смее да си дозволи да биде дебела.Тука сум за неа, додава Игор.

Како и да е, Елена и со килограм плус секако е преубава, а сега посебно со новата фризура е вистински погодок.