Во минатото се сметало дека ако жена не сака на сопругот да му ги измие нозете тоа е исто како и да не го сака. Иако сте помислиле дека такви повеќе нема, еден случај веднаш ќе ве демантира.
Имено, една сопруга решила на својот брачен другар да му искаже љубов така што му ги измила нозето во леѓен откако се вратил од работа и со тоа докажала дека старомодни жени и денеска има.
Кој вели дека старомодните жени ги нема?
-Не зборувајте повеќе дека се измурени старомодните жени кои на мажите им ги переле нозете кога ќе дојдат од работа и кои знаеле да го почитуваат сопругот. Еве смејте ми се, но често знам на својот маж да му ги измијам нозете кога ќе дојде од работа, доброволно го правам тоа. Им ги перете ли нозете на вашите мажи или тоа на вас ви е понижување? – напишала под фотографијата која ја објавила на Фесјбук.
Она што оваа жена го прави е всушност и многу здраво, постојат рецепти кои велат дека секоја вечер, кога ќе се вратите дома, ставете ладна вода во еден леген и потопете ги нозете. Никако не додавајте топла вода.
Наполнете го легенот 10-15 сантиметри и започнете постепено да тапкате со нозете по неа. Кога ќе се привикнете, целосно потопете ги стапалата.
Доволни се 15 секунди, па потоа избришете ги стапалата со мек пешкир и облечете топли чорапи. Ова правете го секоја вечер ако сакате да ја зајакнете имунитетот по брза постапка.
Ако пак веќе сте настинале, во тој случај правете ги овие студени купки на секои 4 часа.
Не се плашете дека ќе си ја влошите ситуацијата, напротив, оваа ледена купка може да ви го зајакне имунитетот, тврдат многу доктори.