Климатологот Владимир Ѓурѓевиќ предупредува дека и за Македонија постои можност да и се случи сличното сценарио како што моментално се случува во Америка иако тоа нема да биде во блиска иднина.
Ледениот бран кој ја зафати Америка сигурно нема да дојде до нас, но според поларните продори, може да се направат услови за исклучително ниски температури. Веројатно такво нешто нема да се случи оваа година но секако постојат услови.
Ѓурѓевиќ вели дека зимите кај нас се топли сега, што би значело дека екстремните температури се однесуваат за нагли температурни падови.
Ладните екстреми се можни повеќе во поглед на интензитетот, со оглед дека во последно време зимите се потопли.
Од друга страна кога се во прашање топлите екстреми – нив нема да ги има многу.
Кај нас е веројатно сценариото како она во Австралија, предупредува климатологот.
Тој додава дека климата значајно е променета во однос на минатот век, па така да извесно е дека во иднина ексремите како нетипично високи или ниски температури, нагли промени на температурите, суша, полава и шумски пожари ќе бидат се почести и поинтензивни.
Ќе бидеме повеќе изложени на вакви екстреми, ќе ги има повеќе, ќе нанесуваат поголема штета, заклучува Владимир.