Заминувањето на саканите, губењето работа или прекинување на врска, се работи кои тешко ни паѓаат. Иако не постои погрешен начин на тагување постојат бројни стратегии кои ќе ви помогнат да не се изгубите себе си во тие моменти.
Тагата може да се појави во многу животни ситуации. Мелиса Фишер Голдмен лиценцирана социјална работничка вели дека најважно е да не пробуваме да ја надвладееме болката бидејќи едноставно мора да поминеме низ тоа.
Допуштете си себеси да плачете
Оваа метода на прв поглед е очигледна но важно е да се нагласи дека луѓето пробуваат да ги потиснат своите чувства. Кога сте бескрајно тажни не се трудете да ги потиснете солзите. Истражувањта покажуваат дека некогаш е добро да се исплачете. Со плачењето постигнувате емоционално ослобоување.
Не ја осудувајте својата тага
Голдмен вели дека не постои формула за тоа како некој го доживува губитокот. Таа е различна кај сите. Секој пат кога се носиме со тагата може да се чувствувате поинаку и поинаку. Значи наместо да се осудувате себеси едноставно прифатете ја тагата и разберете дека така се чувстувате поради некоја причина. Кога се осудивате себеси тогаш таа тага трае подолго и е уште поголема.
Побарајте помош
Луѓето кои чувствуваат тага е многу тешко да побараат помош. Луѓето знаат дека изгубената личност никој не може да ја врати и поради тоа не бараат помош мислат дека за нивниот проблем нема решение. Меѓутоа барањето помош од личност која ја сакате е вистински избор, бидејќи тие се секогаш спремни да ве сослушаат.
Предупредете ги луѓето за вашата состојба
Користите социјални мрежи за да знаат останатите што се случува со вас. Кога ќе ја изгубите саканата личност можеби нема да бидете спремни за посета поради тоа важно е да користите социјални мрежи да известувате што ви се случува. Предупредете ги луѓето дека поминувате низ нешто тешко за да не предизвикате негативна реакција поради тоа што не сте сакале да разговарате со нив. Читањето на коментари од најмилите на социјалните мрежи може да биде голем извор на поддршка.
Споменувајте ја личноста која сте ја сакале
Секогаш говорете за таа личност. Разговарајте со пријателите за позитини ситуации, гледајте заеднички фотограии и спречете ја тагата. Тоа носи светлост во животот.
Отргнувајте ги мислите
Пробајте да ги отргнете мислите. Излезете со луѓето кои ги сакате, одморете се емоционално психички и физички. Направете работи кои немаат врска со вашата загуба бидејќи морате да се вратите во нормалата на животот.
Заборавете на 5-те нивоа на тага
Зарекување, лутење, соочување, депресија и прифаќање на постоењето на многу различни емоции кои ви се јавуваат заради тагата.
Направете нешто посебно за себе
Голдмен вели дека многу важно е во тие денови на тага малку внимание си посветите на себеси. Медитирајте, правете вежби одете на масажа. И запаметете, не постои правиле или погрешен начин на тагување.