Најпознатиот пензионер Тони од Хрватска на модната писта ги покажа резултатите од вежбањето

ИЗВОРСкопје24
|

Со неговата изјава за само 15 минути стана хит во целиот регион, а и по неколку денови медиумите никако да престанат да зборуваат за него.

Дедо Тони Селмани од Хрватска стана и манекен на модна писта.

Имено тој се појави на една ревија во Загреб по повод еден хуманитарен настан.

На ревијата тој на свој 82 години го покажа резултатот од вежбањето и здравиот начин на живот, погледнете.

Тој е роден во Албанија, а во Загреб се преселил во 1960 година. Неговиот живот бил бурен, и покрај тоа што бил вработен во Хрватскиот телеком, хонорарно се занимавал со манекенство.

Токму и како Тони Манекенот бил познат помеѓу граѓаните, и во животот снимил многу реклами за познати југословенски модни брендови.

– Бев првиот манекен во Југославија. Снимав реклами за Вартекс, Каменско, Питралон, рекламирав храна, пијалоци, облека, козметика. Еднаш дури и глумев шеик во реклама за Интерконтинентал. Последната реклама за Питралон ја снимив пред десет години. Мојата сопруга која е најубавата жена на светот снимаше неколку реклами заедно со мене – раскажал Селмани за хрватскиот медиум.

Пред некој ден тој исто така беше вклучен во програмата на српската телевизија „Прва“ и упати порака до Србите.

Освен совети за здравјето, тој рече дека луѓето треба да се почитуваат без разлика на верата. За популарноста вели дека лесно ја поднесува затоа што бил манекен.

“Не пцијам, му верувам на своето тело и правам како што мене ми е најдобро“, додаде тој.