Една од најомилените поп пејачки во регионот, Марија Шерифовиќ пред концертот во Загреб даде интервју за хрватските медиуми и откри некои занимливости за себе.
Последите години живеете во Америка. Што ви донесе животот таму и што пробувате да направите со кариерата во странство?
-Веројатно би полудела кога не би отишла во Америка, секогаш кога ќе почувствувам дека обврските ме гушат. Лос Анџелес е дефинитивно мој град од соништата и можам да се замислам како живеам таму.
Каква е Марија приватно? Што може да ве налути а што ве радува?
– Ме радуваат пријателите, моето куче, среќна сум кога имам слободен ден и кога можам да поминам време гледајќи серии по цел ден. Ме лути зло и ограничени луѓе, бесна сум и осетлива кога ќе видам насилство над децата или животните.
Комуницирате ли со фановите на социјалните мрежи?
-На луѓето навистина се им паѓа на памет и навистина има чудни прашања и барања но обично моите фанови со мене сакаат да споделат некој момент од животот кој навистина нешто им значи, а е поврзан со мене. Среќна сум што во денешно време имаме таков контакт со луѓето кои ја следат нашата работа.
Не зборувате многу за приватниот живот, но можете ли да ни кажете дали сте сега заљубени? Сакате ли некого?
-Моментално не сум, инспирацијата ја барам во другите работи.
Имате ли неисполнети желби? Како се гледате себеси во иднина?
– Ако се биде како до сега, среќна сум и задоволна бидејќи би било смешно да сакам нешто повеќе од ова.