Рафаел ги тужи своите родители: Не ме прашаа дали сакам да се родам

ИЗВОРСкопје24
|

27-годишниот Рафаел Семјуел од Њу Делхи, главниот град на Индија, сака да ги тужи своите родители затоа што го донеле на свет без негова согласност.

Семјуел е антинаталист: тој верува дека луѓето не треба да создаваат потомство, бидејќи раѓањето на деца без нивна согласност е морално погрешно.

Тој нема ништо против деца или животот како таков, но е убеден дека не е исправно да се даде живот на човечко суштество без негова дозвола и со тоа да се изложи на сите животни предизвици. Со самото тоа, тој се чувствува како жртва на наметнатиот живот и поради тоа планира да ги тужи своите родители.

“Сакам да им порачам на сите деца во Индија дека на своите родители не им должат ништо”, рекол тој за списанието “The Paper”.

“Ги сакам своите родители, имаме добар однос, но тие мене ме направиле за сопствена радост и задоволство. Мојот живот е супер, но и натаму не гледам од каде им било правото да ми наметнат мачење, притисок во училиште и барање на работа, посебно ако не сум барал да постојам”, објаснува тој.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10216390133639224&id=1032015097

Gepostet von Nihilanand am Sonntag, 3. Februar 2019

Движењето на Семјуел има своја Фејсбук страна – Nihilanand, на која ги објавува и шири своите ставови, а бројот на луѓе кои го следат и расправаат за неговите тези е во пораст.

“Твоите родители те имале наместо играчки или куче, не им должиш ништо, ти си нивна радост”, пишува во еден од постовите. И додека одлуката на Семјуел да ги тужи родителите звучи детинесто и нелогично, некои негови истомисленици имаат подлабоки аргументации за своите ставови.

Gepostet von Nihilanand am Freitag, 4. Januar 2019

“Ова е сосема доброволно и ненасилно движење”, објаснува Пратима Наик, 28-годишен инженер. “Не сакаме на другите да им го наметнуваме нашето убедување, но многу луѓе треба да земат во предвид дека носењето на дете на овој свет моментално не е добра одлука”.

Тоа што е посебно интересно во целата приказна е тоа што вакви уверувања во главно имаат високообразовани луѓе и припадници на високата средна класа, истакнува порталот “Oddity Central”. Наик смета дека постојат многу причини зошто на светот му е потребно вакво движење – планетата Земја и онака е под огромен притисок и понатамошното размножување продолжува да ги црпи нејзините ресурси. Освен тоа, постојат многу деца без родители на кои им е потребен дом.

“Тешко е да не се забележат сите последици од пренаселеноста и каква штета носи таа за нашата околина. Индиската популација се искачи на 1,3 милијарди, а секој човек годишно прави незанемарливи количини на јаглерод-диоксид кој ги забрзува климатските промени и придонесува за уништување на околината”, вели Наик.

“Сите сме свесни колку патиме во животот”, вели Алок Кумар, припадник на ова движење. “Многу размислував за тоа дали нашиот свет е погодно место за растење на дете, и дојдов до заклучок дека не е”.

Родителите на Кумар се налутиле поради ваквите негови ставови. Биле нервозни кога пронашол партнерка која прифатила брак без деца. Без разлика на неговите желби и уверувања, почнале да му бараат нова сопруга.