ИСКРЕНА ИСПОВЕД: Сакате да работите во Германија, еве што ве очекува

ИЗВОРСкопје24
|

Ова е исповед на една девојка (Ивона) која по потекло е од БиХ, но работи во Германија како медицинска сестра. Таа објасни како стојат работите.

Забележала дека многумина очекуваат откако заминат од својата земја дека ќе добијат одлична работа на која нема да мора многу да работат, но дека добро ќе заработат. Затоа испрати отворено писмо во кое објасни како стојат работите.

-По потекло сум од едно мало место во Босна во кое ни младите ни старите немаат работа. Завршив средно медицинско школо и после година дена одлучив да дојдам во Германија. Сакав подобар живот, а во моето место не можев да го имам. Ќе спомнам само дека таму од каде што потекнувам најдобра перспектива имаат оние кои имаат неколку крави и продаваат млеко.

Бев тажна кога завршував школо бидејќи не знаев каде ќе оди цела моја генерација.Отидов на неколку дена кај роднините во Минхен.Ме наговараа да дојдам, дека ќе ми најдат некаква работа, но јас не бев сигурна-напишала таа.

Од чистачка до 1700 евра плата

Роднините ми најдоа работа. Всушност, неколку. Чистев секој ден кај различни семејства. Тоа добро ми дојде бидејќи го научив јазикот за само една година. Не совршено, но сепак доволно за да можам добро да се разбирам. Одев и на курс по германски јазик, па и тоа ми помогна.

Година дена подоцна се вработив како чистачка во една болница во Минхен. Имав 1 400 евра плата нето, и пак беа недоволни за да се осамостојам. Но најдов и едно станче и штедев за годишен одмор. Во таа болница работеше и една наша докторка. Во Минхен е позната. Кога дознала дека имам завршено за медицинска сестра, ми помогна во истата болница да се вработам на професијата.

-Ако сакате да работите, нема да останете без работа“

Засега имам 1 700 евра нето плата. Тоа не се големи пари, но за почеток е подобро од Босна. Стан и трошоци плаќам околу 1000 евра и повторно ми остануваат за некој пристоен живот.

Не сакам ова мое писмо да се сфати погрешно. Ниту пак сакам да кажам дека луѓето мора да останат во БиХ бидејќи тука е тешко, ниту сакам да кажам дека овде е подобро отколку во татковината.

Ќе ви биде онака како што вие сами ќе прифатите и што очекувате. Ако премногу очекувате, никаде нема да ви биде добро, па ни во Германија, во која мора да признаам дека ако сакате да работите било што, нема да бидете без работа-напишала таа девојка.