Весна Ѓогани имала навистина тешко детство, но судбината и’ се насмевнала и животот целосно и’ се сменил. Од девојче израснато во сиропиталиште, стана позната пејачка.
Имено, кога имала само една година, мајка и’ Сретена ја оставила во сиропиталиште бидејќи не можела да се грижи за неа, немајќи ја поддршката од таткото на Весна.
По краток престој во домот, ја посвоила брачна двојка, но со мајка си продолжила да контактира. За тој дел од својот живот ретко зборува и денес. Како тинејџерска и’ се приклучила на тогаш популарната група „Ѓогани фантастико“ како танчарка, а по разводот на фронтменот Ѓоле Ѓогани и пејачката Слаѓана Делибашиќ, Весна ја презеде улогата на вокалист во групата, а подоцна му стана и сопруга на популарниот денсер, со кого денес има две деца.
Иако има доволно пари да ангажира помош во домот, Весна истакнува дека сака таа да се грижи за своето семејство.
„Немам дадилки, готвачки и чистачки, немам помош бидејќи постигнувам сама се’. Со текот на времето сфатив дека ми пречи кога некој ми се мотка дома. Всушност, станува збор за добра организација и рутина, бадијала не’ плашеа постарите сестри и другарки дека е тешко да бидеш мајка, сопруга и вработена жена. Јас се одлучив да му се посветам на семејството, а имам и голема помош од Ѓоле“, изјави Весна за медиумите.