Ова се родителите на Катарина Ивановска

ИЗВОРСкопје24
|

Катарина Ивановска – македонски топ модел кој може да се пофали со богата и успешна кариера позади себе. Неодамна се оствари во улогата на мајка, на свет го донесе своето синче Вања.

Пред извесно време манекенката излезе во кафеана каде на увце и пееја стара народна, а во нејзино друштво беше и нејзината постара сестра Кристина.

Таа е исто така мајка, обожава да трча како и помалата сестра и работи во банка. А погледнете како изгледаа малечки заедно со мама.

Очигледно дека Кики убавината ја наследила од мама Вера, која иако во зрели години се уште изгледа атрактивно и негувано. Едноставно зрачи со шарм и неминлива убавина, соодветна за возраста.

Во младоста пак, според фотографиите очигледно дека била вистинска убавица, една од најзгодните, најпривлечните и најубави девојки на тогашното скопско корзо, лоцирано на потегот помеѓу денешниот хотел Мериот и Камениот мост.

Инаку г-ѓа Вера во младоста не се занимавала со мода, туку наводно со спорт, поточно карате.

Татко и на Кики, Кире Ивановски е македонска ракометна легенда.

Некогашното незаменливо десно крило на РК Вардар од времето на една друга златна генерација во која играа: Јовановски, Атанасовски, Гиевски, Здравковски, Темелковски, Ивановски…

Потекнува од скопско семејство кое живеело во старата скопска населба „Пролет“, чиј семеен прекар е „Парговци“, па затоа и Катарина пред извесно време го „присвои“, именувајќи ја својата колекција на маички кои се продаваа во хуманитарни цели токму по семејниот прекар: „Парго“!

Нема сомнение, убавата Катарина се гледа од кого ја има наследено својата убавина – целото семејство зрачи.

Вистина.мк