Александра Илиевска ни е веќе добро познат лик бидејќи секојдневно ја гледаме во кулинарската емисија „Брза кујна“ заедно со шефовите Марк и Никола.
Александра освен телевизијата ја има работата и во радио, а наскоро ќе ја видиме и како водителка на 9-от Саем за венчавки во Скопје.
За да го промени своето секојдневие, Александра реши да замине на патување. Го спакува куферот и се качи на авион за лет кон Милано во Италија.
Оттаму сподели неколку фотографии на кои е фотографирана покрај некои од знамененитостите на овој прекрасен град, а притоа посочи:
-Патувам многу. Мразам живот окупиран со рутина. Ги сакам луѓето што уживаат во животот, бидејќи јас го правам истото.