Иако се малку застапени, корнишоните на пазарот се доста барани и добро се платени. За почеток ќе ви требаат 750 евра за инвестирање и земјиште, а заработката ќе биде три пати поголема.
Србите имаат позитивни искуства затоа што нивните корнишони завршуваат на германскиот пазар. Расадувањето се врши околу 15 мај, а за еден месец веќе има корнишони за берба.
Ако се работи на површина која е доволно голема за да може да ја работи едно семејство, без ангажирање на работници, тогаш заработката е добра и не е за потценување.
Експертите велат дека ова е бизнис за кој се потребни никакви – речиси минорни инвестиции, а профитот е 100% гарантиран на крајот од секоја сезона.
ДОВОЛНО Е САМО ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ?
Тие советуваат и дека овој производ може да се произведува дома. Доволно е да имате некој поголем двор каде што можете да направите пластеник за одгледување на зеленчук. Високата цена на производот ќе ви обезбеди поврат на сите направени инвестиции.
На 200 квадрати може да се обезедат над 1 тон корнишони што е всушност приход од 500-600 евра месечно. Ефектот е поголем доколку се здружат поголем број на луѓе и произведуваат заедно. Со инвестиција од 15.000 евра може да се прошири производството и профитот да се зголеми за 4-5 пати!